Чаше ломим мозак ми крвари

Мачкици знаете ли која е Tori Amos? Евентуално Kate Bush, Lisa Gerrard, Enya?

ПС делот го поместувам денес, ви го наметнувам во преден план. Исто како што вашата околина ви ја наметна Брена, Цеца, и компанија, што супер е вака што постојат за уз некое литро одвишок испиено да прокршиш по некоја ниско буџетна кафанска чаша ко што сум правела и јас на времето или можеби ќе ме лупне па ќе го направам пак.

Но, која музика си ја пуштате кога сте сами? Што ви ги полни мозочињата, кога никој не е околу вас. Јас имам многу среќа во животот, додека растев и созревав имаше простор да имам доста различно влијание на дијаметрално спротивни карактери околу мене. А тек откако заминав на студии, опколена со генијални уметници од различни сфери и со различна моќ на делување, имав простор да вкусам сеопширни туѓи амбиции и да согледам еден цел паралелен уневерзум на постоење, кој мене ме издигна како единка со исклучително свој стил. Не зависам од никој, своја сум, само пред себе одговарам. Веројатно почетоците на таа моја индивидуалност му ги должам на вујко ми, веќе на 4 години слушав Pink Floyd и Dead Can Dance, сакала јас или не, па така базата ми остана чиста, неискварена од масовни потреби на патна состојба. И тоа се провлече и понатаму, нормално дојде да се запознаам и со Nick Cave, Anastazia, Mizar, Depeche Mode или RHCP, потребата за квалитетен звук ми остана и во подоцнежниот развој од дете во млада индивидуа. Но, да не го изоставиме и соодветното со моменталниот тренд, па така паралелно со екипава на монументали, слушав и Backstreet Boys, и Spice Girls, потребата за вклопување во социјалното друштво постои уште од мали нозе кај секој од нас, поготово е истакната кога влегуваме во пубертет, а фаќа комплетно погрешна насока кога таа потреба останува една и единствена во текот на целиот живот. За жал, моменталниот социјален тренд е турбофолкманија, која полека и сигурно, се вкопува во секоја општествена пора, па така кафаниве се парада на изгубени млади души уште од 15-16 години. Тоа се разбира продолжува и понатаму во нивниот живот, и секоја можна категорија на вредност се сведува на естетика на површни вредности и приоритети на личен развој на ниво на имам нови хулахопки.

Не, не е целта детето да слуша само Моцарт и со тоа да биде силувано во идеализација на наметнат гениј, не. Но исто така и не е идејата да една млада девојка од дваесетина години не слушнала за ништо повеќе од локална српска певаљка која десет години наназад му се заканува на истиот дечко во сите нејзини песМи и му кажува како е она една лавица и он ништо не и може, ХА!

Идинината е во младоста, иднината е во секое едно окце исполнето со неопислива количина на тага, која нема кој да му ја објасни, бидејќи и родителите се заглавени со главите во телефон и немаат време да му кажат дека со секое ново раѓање, се создава еднаква количина на светска тага и среќа во едно. Разликата е во тоа која како и на кој начин вреднува и доживува. Животот не е резервиран коњопој со шампањ, кој ниту еден од вас не знае колку вистински вреди и за што се користи. Животот се мери во децибели на реализирана слобода, љубопитност за повеќе од локален тренд, индивидуалност со интензитет на промена, и безусловна љубов во процес на себе реализација. Јас не познавам среќен турбофолкер. Но затоа познавам едно чудо на реализирани индивидуи кои во животот дале шанса на еден или повеќе музички правци, со различен интензитет, имале простор да слушаат џез во некој локален бар, или да рипаат до плафон на некоја психоделична забава која пола не ја паметат од субстанци. Можат и турбофолк, и ова модернава категоризација на турбо рапови, само и единствено ЗА ЗАБАВА. Не, како животен стил, не како цел, не како фрустрација на нереализирани соништа.

Јас сум Ивана Кнез, повеќе кафани од мене не знам кој има искршено, едно време си носев мој прибор за кршење. Ама дома си ја полнам душата со квалитетни работи, не ја празнам. Изборот за квалитетот во вашиот живот е само ваш. Намасте.

А да, се читаме уште малку.