Чек да брцнам во ташнава: Пркосната и послушната Меланија
Седнувам пред некој ден со една другарка на кафе, после три-четири месеци пауза, откако Коронава сите не “сотре“ и ни ги разниша и онака кревките меѓучовечки односи. А долго време наназад, забележував дека “маските на лице“, пред овие “Коронарниве“, ни беа солиден аутфит за прикривање на емоциите. Не е тоа толку од стравот да не ти видат другиве дека си крш, иако од таму почнува се, колку што е тоа следна фаза на некое си сопствено манртање, дека ако ставиш маска-насмевка на лицето и ако се смееш кога не ти е добро, можеби и сам себе ќе се убедиш дека си добар. Не е лош тој концепт, испробан ми е и знам дека функционира. Арно ама, во меѓувремето на “лажната насмевка“, имаш околу дватри месеци да го решиш проблемот, кој ти прави да се чуствуваш лошо, бидејки ако не стиснеш заби и не си признаеш што те мачи и ако не извадиш нинџа мач за да го пресечеш тоа во корен, па колку и да боли, отиде јабана. Ќе ти се искриви намсевката и ќе станеш погрд него ич да не се смееш. Што викаше баба ми - “бегај подалеку од луѓе кои кога ќе се насмеат стануваат погрди“.
Пред некој ден на порталиве прочитав дека светот на големо се прашува дали постојат две Мелании!? Едната вистинската, онаа која е вечно лута, поради себичниот и неџентламенски однос на Претседателот на светот. Таа Меланија, не го држи за рака, или оди пркосно чекор пред него, или флертува со некој ултра згоден припадник на специјалните американски единици. Со овој однос таа свесно му покажува на својот Господин Сопруг, дека со таквото нејзино однесување, може да му го спушти рејтингот за неколку проценти, кои во светот, можат да бидат од клучно значење во битката за гасот или нафтата. “Другата пак Меланија“ е неприродно насмеана, доволно и не-претерано снисходлива, секогаш со полчекор зад него, љубезна, мека… Оваа е, сè што е олицетворение на жена која е бескрајно задоволна од својот маж и која го почитува својот сопруг, по сите “конзервативни“ стандарди. И не можеш да не си помислиш, ако е добар сопруг и ако ја почитува својата сопруга, пола свет, ако не и повеќе ќе се вљуби во него и ќе си рече “види каков прекрасен сопруг“. Тоа е улогата која таа најдобро треба да ја игра, инаку кој “таков“ ги м’кнат жените со себе на разни самити, каде 12те најголеми, автоматски и најпаметни нели, решаваат колку капки вода ќе однесат во Централна Африка. Што мајка бараат овие таму!?
Муабетот ми беше постојат ли вистина две Мелании, или светот трипа!? И едниот и другиот концепт се погубни.
Ако постојат го наебавме, ама навистина. И уздуж и попреку. Прво, ќе стане општ тренд да имаш свој клон. Второ, свој клон ќе можат да имаат и да го плаќаат само тие што имаат многу пари. Трето-прво, многу пари во светот никој не заработи чесно. Ама никој! Понатаму, тоа да имаш многу пари стана таква опакобизарна бљувотина во светот, што сите чесни луѓе ги фрли во бездна, иста онаква во која германците ги фрлаа евреите во Втора светска.
Ти, во денешно време ако немаш пари, што воопшто си излегол на улица!?
Тоа прво го забележав кај син ми. Три месеци чека да излезе Ајфон 12ка, исто као што ние 4 години чекавме светско првенство во Атлетика, за да видиме дали Карл Луис ќе има нов рекорд во скок у далечина, нов рекорд на 200 метри и нов рекорд у штафета 4х4. И тоа чека за новиот Ајфон, за да ги даде сите пари што си ги заштедил од родендени, положени испити и одења кај баба му на ручек.
А стегав колку што можев да не биде вака. Ама не можеш бре брате да се бориш во исто време и со името, и со визите и со левите и со десните - не сотреа 30 години, животот ни го уништија. Ги праќавме децата по разни спортови, само за да можеме на некој колеџ у Америка да ги пратиме. Луѓе кредити зимаа за да можат матурски да им направат, бидејки ако немаш нокти ко Ким Кардашјан, или фустан ко Карлеуша, што воопшто си доаѓала на матурска.
А ако не постои “втората Меланија“ и ако светот трипа!? Ужас! Не знам дали она првото, или ова второто е пострашно. Замислете каква боранија е направена од чоечката интелегенција, која прво воопшто се бави со вакви работи од типот го гушнала ли Меланија Трампа, или не!? Па се бави со овој Французов, кој патем ни рече “не може сега вие во Европа“, не сте избришале сите колективно прашина по дома. А истиот тој се оженил за учителката од прво оделение, ама нејзиното дупе во споредба со ова на Меланија било крш.
Па 6 месеци сите се бавевме со Меги и Хари и со нивното напуштање на најпрестижното крластво на сите времиња.
Ееее, не сакам ни да помислам дека и ја би киднала исто така, за да не морам да се подвргнам на вбризгување на вештачка интелигенција и да се смеам ко мрдната, само затоа што свекор ми, или татко ми се оженил за Камила.
Ама ми е страв да изговорам вакво нешто бидејки, од кај да знам бе дали овие што пребегаа во Канада се вистинските или клонираните!? Замисли после некоја година да ги извадат од Бакингамска овие вистинскиве, кои им биле заложници, за да може кралицата на 100 години да јава пони. Мислам да ги извадат, од подземните ходници кога кралицата ќе умре. Ако воопшто она некогаш умре.
Уф, мртва уморна сум, а денот уште не ми почнал.
Сега ја разбирам мајка ми, кога го цитираше Друг Тито. Се појавила таму некоја снимка за некој си неидентификуван летечки објект. Го прашале Тито-та дали може да се објави на вести.
-“Да се нисте усудили, рекао је Маршал. Мој народ сутра треба да устане у 6 и да певајуќи оде на посао.
Пустите “Бал на води“.
Него за кафево со другарка ми сакав да ви раскажам, па ми отиде приказната у мајчина.
Се сретнуваме ние така прв пат после 3-4 месеци.
Викам што има ново. Вика, сакав да ти се изјадам.
Оној маж ми…. бла-бла-бла-бла….. ……ѓубре едно….
Бла-бла-бла-бла… …. Што мисли он…. Бла-блабла……. Срам да му е….. бла-бла-бла-бла… И на крај -викам!?
Па ништо на крај, сабајлето почнува да ме гушка….
-А ти!?
-Па се преправав дека спијам. Многу бев лута.
-И!?
Ми свари кафе...
Дојди ма ваму да те гушнам и викам… Како на времето…
Колумната може да ја слушате во аудио-верзија во продолжение:
За Женски Магазин, Тања Трајковска