Чека дете со 30 години помлада манекенка

Добивај вести на Viber

Борис Новковиќ (50) кој неодамна гостуваше во Скопје на концертот посветен на Тоше Проески чека дете со речиси 30 години помладата манекенка Ирис Волф (23).

Хрватскиот музичар ја потврди убавата вест за „Вечерњи лист“ соопштувајќи дека му се исполнила голема желба.

Со поранешната сопруга Луција со која се разведе во 2011 година има два сина. Новковиќ пет години беше во брак и со актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ.