Чекај, застани, малиот Ѓогани наполни 18 години! Весна и Ѓоле приредија гала забава за полнолетството на згодниот Адријано

Добивај вести на Viber

Пејачката Весна Ѓогани од големата љубов со танчерот Ѓоле Ѓогани го доби синот Адријано кој вчера наполни 18 години.

По тој повод во еден елитен ресторан во Белград беше организирана гала прослава. Семејството пристигна меѓу првите, па со насмевка позираа пред објективот на фоторепортерите.

Сите видно дотерани за оваа пригода, а славеникот се одлучил за елегантен, црн костум и бела кошула, додека целиот стајлинг го зачини лежержно со патики.

View this post on Instagram

A post shared by Srbija Showbizz (@srbija_showbizz)



Гордите родители се усогласија со стиловите, па избраа елегантни, црни комбинации. Ѓоле класичен костум, а Весна проѕирен фустан од тантела.

Инаку, Адријано Ѓогани го избегнува јавниот живот и се држи „настрана“, но неговата мајка понекогаш успева да го „убеди“ да позираат заедно за TikTok и Instagram.

View this post on Instagram

A post shared by Vesna Djogani (@djoganivesna)


View this post on Instagram

A post shared by Vesna Djogani (@djoganivesna)



Јавноста за него знае уште од неговата утроба, бидејќи мајка му и татко му му ја посветиле песната „Краљ дискотека“, која многумина ја знаат како „Тата, треба да частиш“.


ФОТО: Инстаграм принтскрин