Чекавме 7 години за дете: Сека Алексиќ сподели добра вест
Пејачката Сека Алексиќ откри дека не би мислила дека нејзиниот живот би бил пропуштен ако немаше деца, но призна
и дека сака големо семејство.
Одговарајќи на прашањата на обожавателите на својот Инстаграм, Сека Алексиќ призна дека сака повеќе деца со сопругот Вељко, покрај синовите Јаков и Јован.
- Јас сум личност која би сакала да има многу деца, а кога станува збор за некои бројки, не би се изјаснувала. Но, да речеме кога ќе замислам слика од моето семејство во иднина, се замислувам себе си и сопругот со пет деца - искрена е Сека, која потоа одговори на прашањето дали ќе жалела цел живот, ако не успеало вештачкото оплодување:
- Се разбира не. Добиваме сè што доаѓа од Бога и кој знае како да ги препознае оние искушенија што минуваат, добро за него. Ако не знае, тогаш му е тешко. Треба повеќе да се свртиме кон вистинската адреса, а тоа е причестување, молитва, исповед. Ова се некои основни работи што треба да ги смени и направи човекот за да добие нешто добро. Не можеме да бараме работи од Бога без да дадеме ништо. Мислам дека потомството дојде кај мене и Вељко во вистински момент, кога Бог сметаше дека е вистински момент, иако чекавме 7 години. Работите се случуваат кога човекот најмалку се надева, а јас би додала кога ќе ги заслужи.
Пејачката, исто така, истакна дека секогаш гледа позитивно на животот, и дека оваа 2020 година ќе ја памети во таков дух.
- Не знам што е депресија, никогаш не сум ја имала. Знам дека има жени кои поминуваат низ постпородилна депресија и жал ми е. Јас сум некој што има позитивен поглед кон животот и верува во Бога и знам дека сè што доаѓа и некои искушенија и убави нешта се одлука и волја на Бога и дека не можеме да смениме ништо таму - вели Сека и додава:
- Оваа година ќе ја паметам по скокање на трамболина и секако со раѓањето на мојот втор син Јован, како и со оние неколку убави моменти што се случија на почетокот на годината. Никогаш не сум гледала грди работи, без оглед на оваа година и сè што нè снајде, но и општо во животот. Мислам дека тоа е навистина начинот за кој велат - какви се твоите мисли, таков е твојот живот. Ако се справиме со негативните мисли, тоа ќе биде добро за нас секој ден.
Фото: Инстаграм/seka_aleksic
Можеби ќе ве интересира:
Неверојатна сличност: Сека Алексиќ е копија на нејзината мајкаКако во најубава бајка: Сека Алексиќ ја покажа празничната декорација во раскошниот дом