Честит Курбан Бајрам: Празник на хуманоста, солидарноста и грижата кон другите

 Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.

Курбан Бајрам е празник на хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот.

Годинава поради пандемијата на коронавирус празникот ќе се слави поинаку. Сабах намаз треба се изврши дома, а намазот на Курбан Бајрам да не трае подолго од 15 минути, вака одлучи ИВЗ поради Ковид-19 за заштита на верниците.

И Поглаварот на ИВЗ побара од верниците да внимаваат на физичката дистанца и да нема групирања пред или по молитвата.

Инаку, на првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам - Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва - курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

Во нормлани услови овој празник се крунисува со аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.


Денеска е неработен ден за муслиманите.