Четири дена по породувањето, инфлуенсерката Ангела Ѓоргиева го покажа синчето Лиам (ФОТО)

Манекенката и инфлуенсерка Ангела Ѓоргиева се породи викендов во „Аџибадем Систина“, од каде што ја објави среќната вест.

Ангела и нејзиниот сопруг му дадоа уникатно и модерно име на нивното прво детенце, Лиам.

Сега новопечената мајка објави неколку фотки од бебенцето додека биле во болница, но и откако ги пуштија дома.

А секако во прегратките на мама е најубаво.

Ангела е модерна млада мајка во комфорен комплет за излегувањето од болницата, а на фотката позира со сопругот и малиот Лиам.

- Нека започне лудоста - напиша Ангела откако пристигнаа дома со новиот член на семејството.


фотографии: Инстаграм - Ангела Ѓоргиева / screenshoot