„Четири години трпев НАСИЛСТВО“: Гоца Тржан за пеколот кој го преживеала - „Сега ќе ви кажам зошто“

Добивај вести на Viber

Пејачката Гоца Тржан со години е среќна во брак со Раша Новаковиќ, а сега гостувајќи во една емисија откри зошто трпела насилство во претходниот брак.

Гоца зборуваше за психофизичкото насилство кое го трпела четири и пол години од нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ.

-Бев со човек кој физички ме малтретираше. Четири и пол години. Сега ќе ти кажам нешто? Затоа што јас, која сум совршено егоистична жена, морав него да го поправам. Морам да бидам жената што тој ќе ја сака, сето тоа ќе го направам подобро. Јас него ќе го претворам во прекрасна личност бидејќи јас сум таа посебна жена - изјави Гоца Тржан во емисијата „Даме са херцом“, и додала:

- Значи, не можам да го обвинам што страдав четири и пол години.

Пејачката смета дека жените генерално често грешат бидејќи претпоставуваат дека мажите секогаш знаат што мислат.

- Мажите не ни ги читаат мислите. И постојано имаме впечаток дека треба - заклучи Гоца.

Да потсетиме, Гоца Тржан неодамна проговори за борбата за потомство и дека жали за прекинувањето на една бременост.

Фото: Инстаграм
Извор: Pulsonline.rs