Четири најздрави намирници за развој на интелигенцијата кај децата

Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување на памтењето и концентрацијата. Генетиката не е единствена која влијае на менталните способности на децата. 

Верувале или не, исхраната во детството може да има големо влијание на развојот на интелигенцијата. Некои намирници се похранливи од останатите па помагаат во развој на мозочните клетки и подобрување на памтењето и концентрацијата. 

Лосос

Лососот е одличен извор на омега 3 масни киселини кои се од исклучително значење за раст и развој на организмот. Студиите утврдиле дека луѓето кои го користат во својата исхрана покажуваат подобри резултати на тестовите на интелигенцијата. 

Јајца 

Јајцата се познати како силен извор на протеини, а белката содржи хранливи елементи кои ја поттикнуваат работата на меморијата.

Кикиритки 

Кикиритките и путерот од кикиритки се добар извор на витамин Е и силен антиоксиданс кој ја штити нервната мембрана. Овие намирници му помагаат на детскиот нервен состав да ја искористи глукозата за добивање на енергија. 

Овес и овесна каша 

Овие намирници ќе му обезбедат на детето доволно енергија да се разбуди и да остане концентрирано во текот на школскиот ден. Овесот е извор на витамини Е и Б, магнезиум и цинк, што е доволно мозокот да функционира со полн капацитет.