Плакарот за чевли на познатите српски дами: Не, не се Холивудски ѕвезди, ама имаат скапи чевли колку нив

Добивај вести на Viber

Српските познати актерки, манекенки, водителки често се одлична модна инспирација. Не воодушевуваат со впечатливи капути, фустани, чанти, но и чевли кои би сакале да ги носиме.

Анѓелка Прпиќ


На премиерата на филмот „Летото кога научив да летам“, феноменалниот стајлинг на Анѓелка Прпиќ го украде шоуто и го привлече вниманието на сите - а јасно ни е и зошто.

Прекрасната розова нијанса на костумот во кој актерката се појави на црвениот тепих ќе остане запаметена и сигурно ќе послужи како инспирација за многу љубители на модата.

Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините темно сини сатенски чевли со украсно копче, кои наликуваат на моделот Маноло Блахник од серијата „Сексот и градот“, оној што Ѕверка ѝ го подари на Кери. Цената на овие чевли е околу 900 евра.

Јелена Ѓоковиќ

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


За оние кои сакаат поелегантни чевли, совршен пролетен модел се трендовските мокасини. Јелена Ѓоковиќ овие многу популарни чевли неодамна ги носеше во Дубаи, каде што беше со својот сопруг Новак.

Елегантната комбинација на лесна јакна и панталони Јелена ја надополни со чевли кои и минатата година беа голем тренд.

Мокасините станаа најпосакуваните обувки - и додека верзијата со истакната платформа е во мода, Јелена сепак остана верна на класикот. Нејзините крем мокасини лесно се комбинираат со сè, а деталот во форма на реси е суптилен и нежен.

Мокасините што ги носи Јелена можат да изгледаат спортски и одлично ќе одат со кошула и фармерки - но кога сакате малку попрефинето издание, одлично ќе се комбинираат и со фустани.

Јелена Гавриловиќ

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Gavrilovic (@jelenagavrilovicofficial)


И Јелена Гавриловиќ го посети Дубаи, на глобалниот настан Дубаи Експо. Јелена таму изгледаше безвременско и дефинитивно блесна. Една од нејзините комбинации беше златен долг фустан без прерамки со светкави детали. Со него таа искомбинира прекрасни високи потпетици со кристали „Сваровски“.

Златниот модел со тенки ремени врзани околу зглобот го носи потписот на луксузниот италијански бренд „Eddy Daniele“.

Наташа Беквалац

View this post on Instagram

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)


Наташа неодамна се појави во ТВ емисија во издание кое, без сомнение, е за храбри дами. Станува збор за тесен кожен кафен фустан кој го носеше со чевли на огромна платформа.

Впечатливиот модел со потпетица од дури 25 сантиметри е идеја на нејзината сестра Кристина, која со години се грижи за стајлингот на Ната.

Марија Килибарда

View this post on Instagram

A post shared by marija kilibarda (@kilimara)


За оние кои го преферираат едноставното, тука е изборот на водителката Марија Килибарда. Таа ги спои фармерките со удобни црни чевли над глужд.

Овој популарен модел со сребрени нитни е многу шик и лесно се комбинира со разни аутфити, а пожелен е во секој гардеробер.

Софија Милошевиќ


Софија Милошевиќ е позната како голем љубител на чевли, па во морето одлични модели, главно високи потпетици, се издвојуваат мокасините на Шанел.

Рамниот црн модел кој наликува на балетанки одлично оди со панталони и фармерки, но и со здолништа и фустани. А како што вели Софија, ваквите парчиња се задолжителни чевли на секоја жена.

Тамара Драгичевиќ


Многу жени ќе се согласат дека задолжително парче се и црните чевли на висока потпетица со ремчиња. Тамара ги носи со краток фустан со светки и кожена јакна. И тоа е добитна комбинација за сите оние прилики кога не сте сигурни што да облечете.

Во исто време, овие чевли можат одлично да одат во поедноставни опции, бидејќи и најобичниот аутфит - на пример фармерки и блуза, доволно ќе го зачинат.


Извор: zadovoljna.nova.rs