Чизкејк бомбици од само 3 состојки: Совршен десерт за вашите најмили

Добивај вести на Viber

За подготовка на овие вкусни колачи потребни ви се само 3 состојки, а вкусот е неверојатен...

Состојки:

200 грама чоколаден сендвич кекс;

100 грама крем сирење;

250 грама темно чоколадо.

Подготовка:

Кексот ставете го во блендер, а потоа додадете го и крем сирењето и сето тоа добро изблендирајте го. Добиената смеса со рацете обликувајте ја во топки, кои ќе ги наредите во рамен сад.

Готовите топчиња ставете ги половина час во замрзнувач, а во меѓувреме растопете го чоколадото. 

Секое топче потопете го во растопеното чоколадо, а потоа ставете ги во фрижидер за глазурата да се стегне. По желба чизкејк бомбиците може да ги украсите со шарени украсни трошки „Кибела“.

фото: shutterstock