Чоколадна торта од само 6 состојки: Совршено чудо од вкусови кое ќе ве остави без зборови
Едноставна, вкусна и полна со чоколадо - мора да ја пробате!
Состојки:
200 грама чоколадо;
200 грама путер;
6 јајца;
220 грама шеќер;
65 грама какао;
половина лажичка сол.
Подготовка:
Рерната вклучете ја на 160 степени и подгответе калап за торта со размер 20 - 24 сантиметри. На дното поставете хартија за печење, а краевите намастете ги.
Чоколадото и путерот исецкајте ги на мали коцки. Ставете ги сад отпорен на топлина. Во тенџере со дебело дно ставете вода да врие, а врз него ставете го садот со чоколадо и путер, за да се растопат состојките. Важно е садот самостојно да стои и да не паѓа во тенџерето и секако да не ја допира водата. Повремено мешајте додека состојките не се растопат и не се соединат во компактна смеса. Потоа садот со чоколадото и путерот тргнете го настрана за да се излади.
Одвојте ги белките од жолчките. Белките изматете ги во снег, а во жолчките додадете шеќер и потоа со миксер матете ги околу 7 минути. Во жолчките додадете го какаото и солта и потоа кратко миксајте додека не се соединат состојките.
Белките поделете ги на 3 дела. Првата третина миксајте ја прво, таа ќе ви помогне за смесата да ви биде помека. Втората третина миксајте ја нежно со кружни движења од дното на садот кон надвор. Последната третина миксајте ја еднакво како и втората со нежни кружни движења.
На крајот спојте ги сите состојки и ставете ја тортата во калапот и печете ја околу 40 - 45 минути. Печената торта оставете ја во калапот уште 10 - тина минути, а потоа ставете ја на решетка за ладење. Тортата посипете ја со како во прав.
Какаото е многу важна состојка во овој рецепт, затоа кога ќе ги купувате состојките за истиот, одберете го квалитетниот и докажан производ од „Кибела“. На тој начин, вашиот десерт ќе има поубав вкус.* ПР