Чоколадни коцки од неколку состојки: Нема печење, најтешко е чекањето додека се ладат во фрижидер

Добивај вести на Viber

Станува збор за меки и фини колачи кои не се печат во рерна, туку се подготвуваат на шпорет...

Дали сте пробале „fudge“? Станува збор за меки колачи, кои наликуваат на бомбони од карамела и кои се подготвуваат на шпорет, а се прават од шеќер, путер и млеко. Најтешкиот дел во подготовката е чекањето додека се ладат во фрижидерот.

Состојки:

450 грама чоколадо за готвење;

400 милилитри кондензирано млеко;

60 грама путер;

2 лажици павлака за шлаг;

1 лажица екстрат од ванила;

прстофат сол;

чоколадни троши „Кибела“ за декорација.

Подготовка:

Исецкајте го чоколадото на ситни парчиња и растопете го на умерена температура на шпоред во кондензираното млеко, путерот и павлаката за шлаг, додека не добиете еднолична смеса. Чоколадната смеса зачинете ја со малку сол и со екстрат од ванила.

Смесата истурете ја во тавче, кое претходно е обложено со хартија за печење, а одозгора декорирајте со чоколадни трошки „Кибела“. Ставете ја во фрижидер за сето тоа да се зацврсти. 

По неколку часа исечете го десертот на коцки и уживајте во одличниот вкус.

* ПР - објава

фото: Shutterstock