Човечиште, секогаш наоѓа време за своите пациенти: Првата дама доби емотивна пофалба

Елена Атеска, лице со инвалидитет, на својот профил на Фејсбук сподели искуство со првата дама на земјава, Елизабета Ѓорѓиевска.

Сопругата на претседателот е позната по тоа што постојано оди на работа, одржува настани и во време на коронавирус, а објавата на Елена е само еден скромен доказ за тоа.

- И покрај сите обврски како... навидум кревка.. ТАА... јас велам мојот најдобар матичен стоматолог... зрачи со позитивна енергија... секогаш наоѓа време за своите пациенти. Насмеана и таа насмевка ми ја пренесува СЕКОГАШ... а замислете таа е ПРВА ДАМА.. НО ПРЕД СЕ ЧПВЕК... НЕ ТУКУ ЧОВЕЧИШТЕ... ЈА САКАМ МНОГУ- стои во описот на нивната заедничка фотографија, каде Елизабета е во целосна заштитна опрема, по препораките за заштита од Ковид-19.