Чудо во Петриња: Извлечена е жива девојка од урнатините

Екипата на Новата противпожарна бригада Новска извлече жена која беше потрупана во канцеларијата во градската администрација по силниот земјотрес во вторникот во Петриња. Од силината на ударот, се урнал дел од покривот на таа зграда во центарот, како и бројни sидови.

„Колку што беше висока вратата од канцеларијата, толку многу цигли и бетон имаше внатре. Копавме четири часа за да ја извадиме. Досега можам само да кажам дека интервенцијата не беше едносавна", изјави Златко Пјеќ, командант на Новата противпожарна бригада Новска, за 24sata.

Нивниот тим извлече жена која беше потрупана во канцеларијата на градската администрација по силниот земјотрес во Петриња во вторникот. Од силината на ударот, се урнал дел од покривот на таа зграда, која се наоѓа во центарот, како и бројни sидови.

Вработената останала сама во просторијата на вториот кат.

„Кога почнало да тресе, таа некако успеала да се заштити со канцелариски стол и тоа ја спасило. Таа исто така беше намирисана од кучиња трагачи, некако успеавме да стапиме во комуникација со неа. Тогаш започна тешкиот дел, копавме, за да ја спасиме", рече Пјеќ.

Прво стигнале до нејзината глава што било клучно во тој момент. Тогаш интервенирал и лекар, кој и дал кислород. Била свесна.

„Моравме да ја држиме будна. Таа не зборуваше ништо. Ѝ посакуваме многу среќа и брзо закрепнување", вели Пеш.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

Тресеше како да ќе нема утре: Јелена Јованова за земјотресите кои ја погодија Хрватска

(ВИДЕО) Нов земјотрес во тек на јавувањето на репортерот: Во Петриње тлото не се смирува