Чудотворното масло од кајсија помага при најтешките болести и мали се шансите за зараза со вируси: Искуството на новинарката Марина Дојчиновска

Новинарката Марина Дојчиновска искрено верува во делотворноста на маслото од семка од кајсија, кое е произведено во хималајското Кралство Хунза. Хунза капките, вели таа, се користат како сојузник кај најтешките болести, а нивната широка намена ја поврзува и актуелниот коронавирус, поради нивното потврдено антивирусно дејство.

-Маслото од семка од кајсија е уникатно, рачно направено според древна рецептура, генерациски пренесувана со векови наназад. Нивните кајсии никогаш не дошле во допир со хемиски препарати, се полеваат со глечерски води од недопрените височини и за овој народ претставуваат најголема скапоценост. Статусот на едно семејство во Хунза,се мери според тоа колку стебла кајсии имаат во дворот“, вели Марина која е екслузивен увозник за Европа.

Таа раскажува дека драгоцените маслени капки кои ги цедат од семката,ги нарекуваат течно злато.

-Го користат секојдневно во исхраната, за тамошните жени тоа е единствената и најскапата козметика, а тоа се забележува на нивните лица-младолики и без ниедна брчка и на возрасни години. Луѓето од Хунза се светски феномен за долговечност и здравје. Вообичаено живеат над 100 години во одлична кондиција, а жените раѓаат и на 65 години“, раскажува Дојчиновска и вели дека тамошните луѓе живеат според филозофијата дека од овој свет треба да се замине заради старост,а не заради болест.

-Кај нив се’ уште не се стигнати модерните болести од западниот свет (ниту канцерогени, ниту срцеви заболувања или дијабет, па дури ниту кариес).

А ниту вирусот кој направи светска пандемија“, открива Марина и детално објаснува за капките кои помагаат и при најтешките болести.

-Хунза капките се користат како сојузник кај најтешките болести, но и кај здрави луѓе за подобрување и одржување на имунолошкиот систем на организмот. Силен антиоксиданс и детоксификатор, особено потребен за нас кои живееме во загадени средини со токсичен воздух. Со секојдневно земање по 10тина капки наутро и навечер, внесуваме природно создадени витамини А,Е,В17,Д,Омега 3,6 и 9и други драгоцени елементи кои го зајакнуваат телото“, ни раскажа Марина. Таа со радост се сеќава на нејзината прва посета на Кралското семејство во Хунза.

-Хунза маслото прв пат го вкусив во 2005,при мојата прва посета на Кралското семејство.(Тогаш го направив документарниот филм ,,До крајот на светот,, а од тогаш и Македоците знаат за овој народ). Од 2011 знаат и за скапоценото масло што ни го испраќаат-единствено и само за Македонија.Тие никогаш порано не испратиле од своето масло никому...Нашите луѓе знаат за какви драгоцени капки станува збор, зошто знаат од какви височини и далечини е испратено, со колективна молитва за здравје онаму каде што ќе стигне“, вели Дојчиновска.

Додава оти необично убавиот вкус на семката е задржан заради рачно изведениот процес на цедење,а тој вкус е веќе добро познат кај многу македонски семејства-од најмладите до највозрасните членови. Новинарката истакнува дека е особено  важно да се зема во овој период,заради своето потврдено антивирусно дејство,што се должи на лепезата од природни витамини што ги содржи,особено толку неопходниот витамин Д.

-Со јакнење на имунитетот на овој начин,шансите на вирусите се многу мали.

 Секојдевно добиваме повратни информации за позитивните ефекти од користењето на Хунза маслото. Од сузбивање на кашлица или грлоболка кај деца,до зацелување на рани од посекотини или изгореници, но и ублажување на реуматски болки или регулирање на метаболизмот. Сепак сме најсреќни кога има подобрувања кај најтешките болести“, раскажува Дојчиновска. За крај, таа вели дека е горда на донацијата која таа и нејзиниот тим ја направиле. 

-По повод 10-годишнината од проектот Хунза масло во Македонија, ние дониравме 200 пакувања кај 4 ординации на матични лекари во Скопје, за да помогнеме таму каде што е најпотребно, според проценката на лекарите.Во ова кризно време,тоа е најдобриот начин за одбележување на јубилеј и се надевам дека инспириравме и други компании за слични акции за дарување,помагање на немоќните,хуманост и емпатија во периодов кој го преживуваме сите заедно“, вели Дојчиновска.

Милица Џаровска

Фото: Приватна архива