Чуприна и Дарко горди на синот Ведран: Порасна за прва приредба во градинка
Тамара Чуприна и Дарко Велковски се среќни, но и горди родители на две момчиња Ведран и Видан.
Ведран веќе оди во градинка, а моделката објави фотографии на Инстаграм стори дека нејзиниот првороден син ја имал и првата приредба.
„Детето ми порасна“ - напиша Чуприна на една од фотографиите на која забележуваме дека приредбата била во знак на испраќање на есента.
Тамара Чуприна е поранешна манекенка и модел, сестра на познатата екс водителка и манекенка Драгана Чуприна.
Таа е понежната половина на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски. Секогаш подготвена да жртвува се за професионалните обврски на саканиот.
„Колку и да звучи чудно навистина е тешко да се биде сопруга на фудбалер, понекогаш поради професионалните обврски на Дарко ние жртвуваме многу моменти. Времето не можеме секогаш да го планираме како сакаме. Постојано се ориентираме според него и неговиот распоред. Сепак на него му е тоа најголема љубов и јас и Ведран секогаш ќе го следиме и поддржуваме во кариерата.
Навистина некогаш жртвуваме многу важни моменти, колку и да сакате не е возможно секогаш да се поклопат коцките кога се работи за одмор, патување, дружби, семејни собири затоа што распоредот на Дарко е навистина нешто што мора да го следиме. Поради неговите ангажмани домашните не можат да нѐ гледаат и нас а и Ведран кога ќе посакаат, но сепак убавото е во тоа што се радуваме на неговите успеси а всушност ние тројца сме секогаш и секаде заедно а тоа е најважно-ни раскажа Тамара во едно интервју кога ја прашавме како е да се биде сопруга на фудбалер.
Р.Ж.М
фото: инстаграм принтскрин