Црнец без јајца: Микс од вкусови во десерт кој се топи во уста

Добивај вести на Viber

Едноставен, брз и превкусен...

Состојки:

1 кисело млеко;

5 шољи шеќер;

5 шољи брашно;

1/2 шоља масло;

100 грама афион;

3 големи лажици какао;

1 мала кесичка сода бикарбона;

мармалад или џем по избор.

Состојки за глазура: 

200 грама чоколадо за готвење;

8 лажици млеко;

8 лажици шеќер;

1 лажица масло.

Начин на подготовка: 

Сите состојки освен мармаладот или џемот се мешаат убаво и се истураат во подмачкано тавче. Овој колач се пече на 180 степени околу 40 - тина минути. Откако ќе се испече, со мармалад или џем се премачкува целиот колач, а на крајот се растопува чоколадото со млекото, маслото и шеќерот и се истура. 

Колачот се остава да се олади, а потоа се сече на коцки и се ужива во миксот на вкусови.

фото: chefsavvy.com