Црвенокосата руска убавица го уби својот сопруг: Ја донел љубовницата и ѝ побарал вечера

Моделката позната по својата природна црвена коса и насловните страници во „Вог“, 26-годишната Лилија Судакова е осудена на казна затвор, откако со нож го убила сопругот во заедничкиот дом во кој тој ја довел својата љубовница и побарал Лилија да им направи вечера, пишува „Мејл онлјан“.

Убавата Русинка во бес го избодила својот сопруг и веднаш повикала полиција.

Нејзината мајка, Ирена Судакова тврди дека ќерка ѝ посегнала по нож во самоодбрана и дека години наназад била жртва на семејно насилство кое завршило со ваква нејзина реакција.

- Тоа беше нездрава љубов. Мојот зет, а нејзин сопруг беше алкохоличар и насилник. Иако важеше за компјутерски гениј и уживаше во таа слава, не беше добар човек. Повеќе пати сум била сведок на неговата агресивност- откри Судакова.

Фото: социјални медиуми

Ако не се прифати дека убиството го сторила во самоодбрана и ѝ се одреди казна за смислено убиство,  Лилија би можела да заврши со 15 години во затвор.

Насловна фото: Irina Grishina