Д-р Кон: Ако сакате да одите на море, ова е најсигурен начин

Иако доктор Предраг Кон не се согласува за патувања во време на пандемија, сепак има совет за оние кои сепак решиле да го направат тоа.

На неговото гостување на ТВ Пинк, епидемилогот Кон кој во текот на целата епидемија апелира да не се патува надво од земјата, истакнува дека луѓето сепак прашуваат за совет. Како што вели често добива прашања дали да се оди на море.

- Ако одат со свој автомобил, тоа е во ред- кажа и додаде дека на дестинацијата треба да се однесуваат како дома.

Значи држење дистанца и носење маски би било задолжително и на море.

- Кога станува збор за патување со автобус, тоа е друга приказна- рече Кон и додаде дека такво нешто не препорачува, како што не препорачува ни одење на места каде има гужва, бидејќи ниту ќе може да одржите дистанца, ниту да се капите со маска.

Извор: telegraf.rs

Фото: Pixabay, Tanjug/Vlada republike Srbije/Slobodan Miljević