Д-Р КОСТОВ: Во ГОБ „8 Септември“ има наплив на заразени, доаѓаат пациенти со најтешка клиничка слика и мора да бидат на респиратор

Со најтешка клиничка слика во последните два-три дена доаѓаат заразени пациенти со корона вирусот во Градската општа болница „8 Септември“. Директорот, д-р. Христијан Костов за Фактор потврди дека новите пациенти кои ги хоспитализираат, за 24 часа завршуваат на респиратор.

- Има наплив на новозаразени во ГОБ „8 Септември“, односно во тријажниот центар на болницата. Ситуацијата е навистина тешка, особено поради фактот што во последните два-три дена тука се хоспитализираат 6 до 8 позитивни на Ковид-19. Загрижува фактот што заболените само по 24 часа мора да бидат ставени на респиратор, бидејќи многу брзо развиваат тромбемболија, а од тоа тешко некој може да се спаси, вели д-р. Костов за Фактор.

Колку респиратори се слободни во градската општа болница „8 Септември“ прочитајте на Фактор.мк