Д-р Несторовиќ: Симптоми кои покажуваат дека пневмонијата е предизвикана од коронавирус

Добивај вести на Viber

фото: Printscreen

Дали е можно да имате асимптоматска пневмонија? Пулмологот д-р Бранимир Несторовиќ открива на кои симптоми треба да внимавате.

Во разговор за „Телеграф“, д-р Бранимир Несторовиќ тврди дека во случај на ковид, нема пневмонија без никакви симптоми. Иако е можно, вели тој, да има асимптоматска пневмонија, што ретко се случува, во случај на ковид не е можно.

- Дефиницијата за ковид-19 пневмонија, според Светската здравствена организација е температура над 38 степени, отежнато дишење и засенчување на видот на млечното стакло на белодробната слика. Значи, нема пневмонија без овие симптоми - вели тој во изјава за „Телеграф“.

Тешкотии при дишење, млечно стакло и температура се само знаци дека САРС-КоВ-2 преминал во белите дробови, дека заразените клетки умираат, поради што организмот не може да ги одржува белите дробови чисти. Воспалението може да објасни зошто сувата кашлица е еден од првите симптоми, а истото важи и за отежнато дишење и формирање на слуз.

Ве молиме, забележете ги овие симптоми:

Други симптоми што можат да се појават во оваа фаза се замор, болки во грлото, главоболка, болки во зглобовите или мускулите, треска и кивање. По пет дена, хроничните пациенти може да имаат потешкотии со дишењето, а потребни се седум дена пред да завршат во болницата. Поблаги случаи за ова време пак можат да оздрават.

Умерени до тешки случаи на пациенти, ќе развијат пневмонија, која може да варира од не-опасна по живот до опасна по живот. Овие пациенти можат да се опорават за неколку дена, но на некои им требаат неколку недели. Сепак, кај некои пациенти со тешка форма на инфекција и кај оние кои имаат критични симптоми, тие можат одеднаш да се влошат, така што ќе се претворат во синдром на акутен белодробен едем.

извор:zenskikutak.rs

-Се јавува кај пациенти кои имале коронавирус: Симптом дека сте прележале Ковид-19, а не сте знаеле за тоа
-3 митови за коронавирусот: Пулмолог д-р Стојановиќ објаснува колкав е ризикот за зараза кај пушачите
-Имате скратен здив: Како да откриете дали станува збор за коронавирус или напад на анксиозност?