Д-р Стрикланд е скромна професорка: Немала биографија на Википедија пред да добие Нобелова награда

Добивај вести на Viber

Професорката Дона Стрикланд во историјата е трета жена што ја добива Нобеловата награда за физика по Марија Кири во 1903 и Марија Геперт – мајер во 1963 година.

„Прво што ќе помислиш кога ќе слушнеш е дека ова е лудо и се прашуваш дали е вистина. Пресреќна сум и за Ашкин и за Жерар, кој беше мој супервизор и ментор и многу ја заслужи наградата“, изјави 59-годишната Стрикленд.

Таа ја споделува годинашената Нобелова награда за физика со професорите Артур Ашкин од САД и Жерар Муру од Франција. Тие ја добија наградата за особен придонес во развојот на ласерската физика, развија технологија наречена ЦПА со која се врши ласерски третман на заболените од карцином , како и во ласерските операции за корекција на очната диоптрија .

Доктор Стрикланд беше изненадена кога дозна дека поминале дури 55 години пред жена да го добие престижното признание за научниот труд. Скромната професорка додаде дека секогаш од колегите била третирана како рамноправна и дека наградата не е само нејзина , туку ја дели со уште двајца колеги , кои можеби и повеќе ја заслужуваат од неа.

Дека светот на науката е машки свет докажува и најпознатата Интернет енциклопедија „Википедија“. Имено пред да ја добие Нобеловата награда Дона немала своја биографија таму, додека нејзините машки колеги имале. 

Википедија, со сите свои грешки, е најистакнатото место во кое се раскажува, се бара и споделува сегашната човечка историја. Затоа, новиот запис за Стрикленд на Википедија е многу важен и треба да биде видлив за младите девојки и аспиранти научници кои можеби ќе го „изгуглаат“ нејзиното име денеска.