„Да можам повторно да бирам, повторно би направила исто сѐ“: Емотивна сопругата на Кајмакоски му честиташе годишнина од брак

Добивај вести на Viber

Пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина прославија годишнина од брак.

Семејството на Кајмаковски минатата година се зголеми за уште еден член во семејството. Покрај синот Стефан, пејачот со сопругата ја добија нивната ќерка Емилија.

По повод годишнината Мартина објави емотивни зборови поткрепени со фотографии, кои му ги посвети на сопругот:

„Овде те запознав. Овде веќе многу те засакав. А тие двајца се производ на нашата љубов. Таа е со нас од самиот почеток. И знаеш што Даниел?-Мене многу ми се допаѓа ова нашето мало царство. И да можам повторно да бирам, повторно би направила исто сè, затоа што го сакам она што сме биле, она што сме и она што ќе бидеме. Среќна годишнина од брак, љубов моја“, напиша Марина.

Фото: Инстаграм
РЖМ