Да не дава Бог на никој: Заспа со бебето, а кога се разбуди ја пречека страшна глетка (ФОТО)

Фото: Printscreen

Лори Бет Снајдер го доживеа најлошиот кошмар. Нејзиното бебе, ќерката Лорелаи, беше примена во болница и секако дека таа била цело време со неа.

Бидејќи и двете биле многу уморни и не спиеле долго време поради прегледи, земање примероци од крв, тестирање и слично, со цел да откријат што не е во ред со бебето, тие успеале да поспијат малку. Лори спиела нешто повеќе од еден час, а кога се разбудила видела дека бебето не е до неа, ниту во собата.

„Кога ја најдов, таа беше во болничката соба на друга жена, во нејзини раце, во собата со 6-7 медицински сестри кои се смееја и си играа со неа. Не ја познавав таа дама. Таа не беше ниту медицинска сестра ниту лекар. Само некој пациент. Ја зедов Лореаи од нејзините раце. Иако инсистираше да се вратам во собата без Лорелај, таа постојано повторуваше дека треба да се одморам. И реков дека сум добро и дека ќе ја земам ќерка ми“, вака ја започнува приказната Лори, која го сподели своето искуство на Фејсбук.

Лори вели дека таа жена ги земала и нештата на бебето со себе, пелени, количката и играчките, па се вратила во својата соба со сите тие работи. По неа оделе медицински сестри кои ја уверувале дека бебето не е во опасност и дека тие го познаваат пациентот.

„ Кога се свртев, ја видов и таа жена, г-ѓа Харис, која не следеше, и таа повторно инсистираше да го оставам детето со неа. Само тогаш сестрите ја тргнаа од мојата соба. Подоцна, тие беа префрлени на интензивна нега, каде што имаат и обезбедување“, споделува избезумената мајка. Лори не знае кои биле намерите на г-ѓа Харис, таа само вели дека многумина немаат толку среќа и дека киднапирањата на децата се почести.


Извор:beograd.in

Можеби ќе ве интересира:

Посвоиле 5 - годишно девојче од Уганда, мислејќи дека му го спасиле животот: По 6 месеци, детето им открило ужасна вистина