Да, родив дете на 53 години: Каролин вели дека е подобра мајка бидејќи родила многу подоцна

Каролин Аронсон била многу изненадена минатата година кога открила дека е бремена на 53 години и во март 2021 година роди здраво девојче.

Бидејќи бременоста во шестата деценија од животот е вистинска табу-тема за многумина, Аронсон реши да го сподели своето искуство и да открие како е да се стане мајка на возраст кога вашите познаници стануваат баби.

Аронсон, извршен директор на успешната компанија за козметика „It's a 10 Carecare“, вели дека била шокирана од позитивниот тест за бременост. Таа и нејзиниот сопруг Џеф Аронсон биле во неверување, но исто така биле среќни од помислата да имаат дете.

„Има толку многу убави работи кога малку повозрасни ќе добиете дете. Имате искуство, вие сте позрели и мислам дека жените стануваат се подобри и подобри со секоја деценија", вели оваа мајка.

Таа вели дека во споредба со времето кога станала мајка за прв пат, сега има многу поголема самодоверба, знае како да воспита и одгледа дете, а исто така е и финансиски осигурана.

„Вие сте многу поподготвени, имате повеќе искуство и мислам дека нема ништо подобро за една жена отколку всушност да може да се смири и да се грижи за своето бебе“, рече таа.



Аронсон вели дека четирите постари деца морале да се навикнат на тоа дека имаат бебе во куќата, но сега кога бебето Алија има 3 месеци, им станало попријатно да се грижат за својата помала сестра.

„Тие мислат дека е симпатична, но секако, во оваа фаза, тие се исклучително фокусирани на своите животи, што е и очекувано“, вели Аронсон.

Покрај тоа, таа признава дека таа и нејзиниот сопруг се заљубени во својата ќерка.

„Нејзиното средно име е „Dream (Сон)“ затоа што таа навистина е остварување на нашиот сон“, додаде таа.

Новата мајка била изненадена и од тоа колку и била лесна бременоста. Таа се здебелила помалку од пет килограми и многу брзо се вратила во секојдневниот живот, иако се породила со царски рез.

„Мислам дека сум всушност посилна отколку кога ја родив својата втора ќерка пред 14 години“, објасни таа. Јас сум позрела и носам подобри одлуки во оваа фаза од мојот живот. Знам што јадам, активностите се важен дел од следните 50 години од мојот живот“, заклучи таа во интервју за „Today“.


Фото: Инстаграм/itsa10ceo

Можеби ќе ве интересира: