Даде сѐ, но не зеде ништо од Македонија: Бобан од „Авалон“ му посвети песна на Горан Стефановски
Бобан Милошески, сопственикот на „Авалон“ продукција, со песната од „Леб и сол“, „Таласна дужина“, се прости од драматургот Горан Стефановски, кој почина вчера во Лондон. Стефановски ѝ го дал името на култната група чиј гитарист и фронтмен беше неговиот брат, Влатко Стефановски.
„ Горан Стефановски. Лик, харизма и интелект на ниво на најголемите југословенски имиња од типот на Арсен Дедиќ , Горан Бреговиќ , Балашевиќ , Душко Радовиќ. По тоа највисоко и најрафинирано стандардизирано ЈУС ниво.
Далеку над ова поднебје. Мислам дека никогаш со никој не сум се смеел и истовремено размислувал како во муабетите со Горан. Кога го работевме Боб Дилан дојде во Скопје тоа утро и следното замина. Ми беше чудно. Седевме во прв ред ,со Влатко, Данче, Гоца. Лицето му беше озарено како на најсреќен човек на светот.
Ми рече: "8 пати сум го гледал Дилан во Лондон"
Викам : "Па што дојде во Скопје, ради тоа "?
Горан : “Па, не е штос да го гледаш Дилан во Лондон , штос е да го гледаш во Скопје “.
Горан беше добриот интелектуален дух на Македонија , земја од која не остана веќе ни дух. Земја која е на толку јадно ниво да ликови како Горан се овде веќе неупотребливи. Нешто како Џони Штулиќ и регионов.
Сакам да се простам од него со песната чив текст го напиша. Од бендот чив духовен ментор и бендот на кој му го даде и името. Горан даде сѐ на Македонија. Не зеде ништо од Македонија“, напиша Милошески на својот Фејсбук профил.