Дадилка од пеколот: Го смирувала со диазепами - Детето за кое се грижила завршило во болница

Дадилката Снежана И.Ц. (51) од Белград е уапсена под сомнение за труење на петмесечно момче кое го чувала со бенседини (дијазепам) со денови ...

Злобната дадилка била откриена кога родителите забележале дека бебето е буквално комирано, млитаво и јаде слабо неколку дена. Детето веднаш било однесено на педијатар, а потоа и кај специјалистите во Тиршовата Детска универзитетска клиника, кои веднаш се посомневале дека станува збор за труење. Извршени се токсиколошки анализи со кои се потврдиле сомневањата - во крвта на бебето се пронајдени огромни количини бенседин! Дежурниот невролог веднаш го пријавил случајот во полиција, по што дадилката била уапсена, пишува српски Информер.

Проблем со законот

Како што се дознава, Снежана веќе имала „дебело“ досие во полицијата и е осудувана за кражба и измама. Таа на сослушувањето донела и лекарско уверение за психијатриски заболувања. Според извор од истрагата, родителите не забележале ништо чудно во однесувањето на дадилката што ја нашле преку страницата „Бебиситерке.рс“.

- Живееше во белградската населба Звездара, како и родителите на бебето. Таа има два сина. На младата брачна двојка им дала и лажни препораки и документи дека работела како медицинска сестра во повеќе здравствени установи. На родителите им одговарала таа бидејќи им била во близина, за да може да дојде многу побрзо да го чува бебето ако нешто им се појави заради работа - вели извор за Информер.

Првиот основен суд во Белград и одредил мерка притвор на Снежана до 30 дена.

- На предлог на обвинителството, судијата на претходна постапка и одреди мерка притвор поради опасност да влијае врз сведоци и да го повтори делото, бидејќи веќе и беше изречена условна казна. Постои страв дека таа ќе влијае на родителите на бебето, како и на сопственикот на страницата преку која се пријавила - изјавила портпаролката на судот Бојана Станковиќ.

Лажна медицинска сестра

На својот Фејсбук профил, Снежана И.Ц. се претставува како медицинска сестра која работела во повеќе здравствени установи. Таа навела дека работела во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, потоа во Здравствениот дом „Вождовац“, во Клиничкиот центар на Србија. Сепак, истрагата утврдила дека ова е уште една во низата измами што ги користела оваа жена. Како што се дознава во КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“, лицето со тоа име и презиме никогаш не работело за нив и не било во регистарот на вработени од основањето на болницата!

Дадилката претходно се бранеше на рочиштето во Првото основно јавно обвинителство во Белград со молчење, односно го искористи правото да не ја презентира својата одбрана и ја достави својата медицинска документација.

- Во понатамошниот тек на постапката, Обвинителството има намера, покрај испитувањето на родителите како оштетени лица и сведоци, да нареди и психијатриско вештачење на оваа жена, која се товари за кривично дело запоставување и злоупотреба на малолетно лице. Кривичното дело се казнува со затвор од три месеци до пет години - наведува Обвинителството.

Фатални последици

Педијатарот д-р Томислав Стевановиќ вели дека дадилката можела лесно да го убие бебето ако продолжила да го труе со лекови.

- Ова е многу опасно и загрижувачко! Особено што станува збор за толку мало дете, штотуку родено. Голема среќа е што мајката забележала дека нешто не е во ред со момчето и што лекарите направиле токсиколошки анализи воопшто. За среќа, бебето ќе ја исфрли токсична содржина од телото со помош на инфузија и природно, и тоа нема да остави големи последици. Меѓутоа, доколку давањето на бенседин продолжило, може да имало сериозно труење, срцев удар, задушување и смрт на бебето - предупреди д-р Стевановиќ.

Избришана страницата за дадилки

Штом во медиумите одекна веста за труењето на бебето, сајтот „Бебиситерке.рс“, преку кој родителите ја пронајдоа Снежана, беше затворен и не беше достапен. Исто така, се обидовме да стапиме во контакт со некој од оваа страница, но не успеавме, бидејќи сите телефонски броеви беа блокирани, пишува Информер.



Извор/Фото: Информер.рс