Дајте му на детето домашни обврски

Добивај вести на Viber

Секој родител порано или подоцна се запрашува кога е вистинското време на своето дете да му даде домашна обврска. Дали можеби детето е премало за да брише прашина или да го полева цвеќето? Колку пати, откако малиот ви полеа сок на маса, сами ја избришавте истурената течност? Дали сте се запрашале дали вашето дете е доволно големо само да го исчисти направениот неред? Сѐ почесто ви се случува сами да ги кренете играчките на детето бидејќи, едноставно, така е полесно и побрзо … но, дали треба тоа да се прави? Ако им давате на децата домашни активности, тоа е еден од најдобрите начини да помогнете во нивата изградба на самодоверба и чувство дека се способни нешто да направат. Давајќи им на децата редовни обврски, им помагате да стекнат корисни навики и добар однос кон работата. Децата кои растат со домашните работи како нормален дел од животот, многу полесно влегуваат во светот на возрасните од оние кои немаат чувство на одговорност. Изберете работи кои се соодветни за периодот на своето дете. Имајте на ум дека детето кое знае да го запали компјутерот и игра играчки, веројатно е дека може да ја вклучи и машината за перење алишта. Како да се извршат домашните обврски.

  • Дајте им време на децата да научат нешто да работат
  • Кога сметате дека детето ја совладало задачата, нека тоа ја преземе одговорноста за истата.
  • Ако детето со време почне да се откажува од домашните работи или да ги негодува, применете ја техниката „Кога ова–тогаш она“. На пример: „Кога ќе ги нахраниш домашните миленици, тогаш можеш да вечераш“ или „Кога ја напишеш домашната задача, тогаш можеш да си играш“. Таа техника дава најдобри резултати ако се применува секој ден.
  • Исто така бидете многу одредени кога му давате насоки на детето: „Среди ја својата соба“ е многу широко барање и може да се протолкува на повеќе начини. Бидете децидни и кажете: „Среди ја облеката во плакар, книгите на полица, садовите однеси ги во кујна“…
Пофалете го придонесот на детето во домаќинството и немојте да критикувате направена работа или да се жалите колку време му било потребно за да ја заврши работата. Исто така воздржете се од тоа да го поправате она што детето го направило или да ги исправате неговите грешки. Со тоа само ќе го обесхрабрите па следниот пат нема ни да се обиде или ќе работи колку да се каже бидејќи ќе знае дека вие и онака ќе го завршите она што го почнало.