„Дајте ни радост, место тага: Весел концерт на „Дајте музика“ во Скопје

Еден од повеселите концерти кои му се случи на Скопје е секако забавата со тинејџерските ѕвезди „Дајте музика“, сношти на стадионот на АРМ во Скопје.

Кики, Миха, Анастасија и Филип имаат армија сериозни обожаватели. Децата се најискрената публика, а тоа се докажа и сношти. Своите јунаци, тие трпеливо ги чекаа, со маици „Дајте музика“, и постери со нивните ликови и имиња. Помалите беа качени на рамења кај родителите, за да успеат да ги видат омилените пејачи и актери подобро. 

Концерот го почнаа со јасна и конкретна порака: „Дајте музика под итно“ и стиховите „Дајте ни радост, место тага, дајте ни добро, место зло, дајте сонценце, место сенка, дајте на врв, а не на дно“.

Следеше химната на ТВ серијата „Дајте музика“. Јунаците од ретро маалото откако се појавија на на ТВ, раскажаа убава приказна, дека од старото ретро време кои тие го откриваат има што да се научи. 

Разиграни на сцената, спремни со својата кореографија, танчарите и без трема и редејќи хит до хит, Миха, Филип, Анастасија и Кики беа сигурни во својот настап како да се искусни ѕвезди. Учеството на Јуниорскиот Евросонг уште повеќе им ја зацврсти популарноста која заслужено од ден на ден расте. Концертот го организираше „Авалон“ продукција. 

Иако организаторите дозволија нашиот фоторепортер да го фотографира настанот од пред сцената, обезбедувањето за жал го исфрли и не му дозволи да си заврши својата работа, и покрај неговите објаснувања дека се потребни професионални фотографии од овој настан.


М.Џаровска

Фото: В. Тануровски

ГАЛЕРИЈА: