Билјана Дебарлиева: Далечна ни беше Кина во јануари

Добивај вести на Viber

Советите, препораките и мерките треба да ги сфатиме како наредба, забрана, навистина мора да бидеме во самоизолација, нема мешање, и јас имам возрасни родители, но не сум отишла, се слушаме, мораме да ги штитиме, имам 15 годишен тинејџер кој мора да седи дома и успеваме да исконтролираме - вели Дебарлиева за Женски Магазин.

Во јануари кога првпат се рашири информацијата дека во Кина има вирус кој се шири, мојот сопруг дојде дома и донесе кутија маски, му се смеевме, зошто од сега да купуваш маска?! Многу далечна ни беше Кина во јануари, иако навистина е далеку, за веќе во февруари да се случи тоа со Италија, и од Италија веќе преку ноќ да се пренесе насекаде во Европа, па и ние дојдовме во истата ситуација ама мислам дека навреме почнавме со мерки, и апел до сите да ги почитуваат истите.

Уште на самиот почеток, почнавме да ги применуваме мерките за заштита дома во рамките на семејството, од моментот кога почнаа препораките од Министерство за здравство, и на работа ги имаме преземено сите мерки, имаме заштитни ракавици, маски, средства за дезинфекција и пред самиот влез на телевизијата, на секој спрат, во секоја канцеларија, ни мерат температура пред секој влез во телевизија. Во телевизијата веќе луѓе од надвор, речиси и не доаѓаат. 
Гости засега доаѓаат само кај мене во емисијата, сепак се медицински лица кои знаат дека не биле во контакт со некој заразен, оставаме на совеста на сите.

Како новинар, таа продложува да оди на работа, бидејќи како што вели „должни сме  да ги информираме граѓаните“.

Имаме начини како да се заштитиме ако ги применуваме превентивните мерки, држиме дистанца и на работа едни меѓу други, но како оди ситуацијата понатаму, од ден на ден, се преземаат дополнителни мерки.
Можно е да се промени и концептот на „Визита“ да не биде со гости, само со јавување на гледачите или некои информативни појаси во живо со вклучување на докторите, лица кои треба и може да не советуваат.

Билјана вели дека нејзиниот концепт во „Визита“ сега е насочен кон корона вирусот, актуелната ситуација. А таа како новинар, за потребите на емисијата се информира од доктори, кај нас од Македонија, бидејќи доста од нив се активни и присутни и на социјалните мрежи, исто така вели дека доволно е да се информираме од прес конференциите на надлежните, на Министерот Венко Филипче, од програми и емисии со стручни лица и апелира до граѓаните и тие да внимаваат од каде ги зимаат информациите бидејќи на интернет сешто ќе прочитаме, од пијте алкохол, до јадете лук, и слично.

Имам еден познаник од Италија, кај кој прочитав еден статус кој гласи, парафразирам: „За да бидеме заедно треба да се дистаницраме, односно да се оддалечиме“, е тоа значи седењето дома, односно излегување само потреба и секако дезинфекција, миење раце, одржување на хигиена и сетоа она што секој ден го слушаме и верувам дека го научивме сите.


Љ.И