Дали Џил Бајден суптилно ја прозва Меланија Трамп? Носеше облека со натпис со која испрати порака (ФОТО)

Џил Бајден испраќа порака за љубов со својот стајлинг додека го придружува нејзиниот сопруг, американскиот претседател Џозеф Бајден, во Велика Британија.

Првата дама на САД носеше црн блејзер со натпис „Љубов“ на грбот кога таа и нејзиниот сопруг, Џо Бајден се сретнаа со британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери Џонсон, објави АП. 

Таа го носеше истиот блејзер пред повеќе од две години кога започна претседателската кампања на Бајден.

„Ние носиме љубов од Америка”, им рече таа на новинарите, објаснувајќи ги своите модни избори.

- Ова е глобална конференција и ние се обидуваме да воспоставиме единство низ целиот свет и мислам дека тоа е потребно сега, луѓето да почувствуваат единство од сите земји и да чувствуваат надеж по оваа година на пандемијата - посочи таа. 

Бајден е позната по својот моден избор, честопати се одлучува за пастелни или привлечни отпечатоци на настаните на кои присуствува во име на американската претседателска администрација. Многу ретко носи чевли без потпетици. 

Ова не е прв пат да испрати директна порака со облеката - за време на предизборното патување во Ајова кон крајот на минатата година, Бајден носеше црни тесни фармерки со натпис „Гласај“, потсетува АП. 

Блејзерот и панталоните на Џил Бајден се сосема различни од пораката што претходната прва дама на САД, Меланија Трамп, ја испрати со својата облека за време на патувањето во центарот за задржување на деца мигранти во 2018 година, кога носеше блејзер на кој пишуваше: „ Навистина не ми е гајле, дали тебе ти е гајле? “, додава Асошиејтед Прес

Според американската агенција, таа носела друг блејзер во засолништето на тој центар.



Фото: TANJUG/AP

Видео: Youtube/abcNEWS

Можеби ќе ве интересира:

Џил Бајден цела во бело, во вонвременска комбинација: Моден класик со кој нема грешка (ФОТО)