Со пораката "Дали имате љубов за давање?” УНИЦЕФ и Министерство за труд и социјална политика ќе започнат кампања за мобилизирање поддршка на алтернативи на институционалната грижа, базирани на заедницата, како и за регрутирање на нови згрижувачки семејства.
Иницијативата е дел од напорите на Влада на Република Македонија да обезбеди услови секое дете во земјата да расте во безбедна и грижлива средина преку: инвестирање во превенција на напуштањето деца и поддршка на биолошките семејства; зголемување на мрежата на згрижувачки семејства и мали групни домови за деца без родителска грижа; инвестиции во подобрување на квалитетот на алтернативните форми на згрижување преку стандардизација и инвестиции во рана детекција и интервенција на развојни потешкотии.