Дали ја знаете легендарната приказна за KFC и Полковникот Сандерс?

На 65 години, возраст кога повеќето од нас би заминале во пензија и би уживале во своите златни години, полковникот Харланд Сандерс, основачот на KFC, ја започнал својата најголема авантура, а неговата цел била кристално јасна: што повеќе луѓе да го пробаат неговото неверојатно вкусно и крцкаво пилешко месо, кое се разликувало од сите останати.

Долго пред да стане интернационален хит, полковникот Сандерс бил само обичен човек кој раководел со бензинска пумпа за време на големата депресија во Америка, каде што подготвувал и служел едноставни јадења меѓу кои и пилешко месо, како начин за дополнителна заработка. Неговиот претприемачки дух и љубовта кон добрата храна го поттикнале да отвори свој ресторан – местото каде што години подоцна го развил и усовршил тајниот рецепт од 11 билки и зачини, кој го дава врвниот и единствен вкус на пилешкото во KFC, како и уникатната фритеза, која го готви пилешкото под висок притисок, и на крилцата, копаните и филетите им создава неверојатно крцкава кора. 

Врвен квалитет, неверојатен вкус и добра услуга се основните елементи врз кои се градат рестораните на KFC уште од самиот почеток, додека традицијата стара повеќе од 70 години прави овој бренд да биде еден од најпопуларните и најсаканите ширум светот. Исклучителната посветеност кон одржување на квлитетот, традицијата и историјата на брендот, од една страна, и храброто поставување современи трендови, од друга, е тоа што ги прави KFC единствени.

Секој ден, повеќе од 15 милиони гости ги посетуваат рестораните на KFC низ целиот свет, во потрага по врвното пилешко месо кое ја има добиено титулата „Golden Chicken Standard“. Рачната подготвка од страна на специјално обучени готвачи кои исклучително го користат препознатливиот KFC рецепт е единствениот начин да се создаде уникатниот вкус што сите го обожаваме. 

Денес KFC е далеку од своите скромни јужноамерикански корени, со повеќе од 18.000 ресторани во 115 земји низ целиот свет. Познатата кофичка со ликот на полковникот Сандерс не е само симбол за задоволување на апетитот со неверојатно добро јадење, туку глобален феномен кој ги зближува пријателите и го собира семејството на заедничка маса.