Дали ќе ми поверувавте ако ме убиеше: Обид за киднапирање на мало девојче во соседството

Фото насловна: Profimedia

Случајот бил пријавен во полиција, а девојчето детално опишало што се случило

Пред неколку дена на социјалните мрежи започна да кружи веста за киднапирање на осум годишно девојче од Аранѓеловац, Србија. Веста за тоа како непознат маж и понудил чоколадо среде бел ден и ја поканил да влезе во неговиот автомобил, наскоро веста стана вирална.

Мајката на девојчето, Мирка, вели дека не се точни тврдењата дека некој ѝ понудил чоколадо на нејзината ќерка, туку дека тој ја пресретнал со син автомобил на улица кога се враќала од училиште и ја поканил да влезе во возилото.

- Сè се случило минатиот петок, но таа молчеше за тоа до средата. Кога тој ден се врати дома, беше уплашена, забележав дека се случува нешто чудно. Таа не сакаше да оди до продавница, или да вози ролерки, да се дружи, сакаше само да биде со мене. Во средата, таа ми рече дека не сака да оди на училиште и почна да плаче - започнува Мирка.

Како што вели, нејзината ќерка и раскажала дека син автомобил застанал пред неа и дека непознат маж ја поканил да влезе во него.

- Ние секогаш и велевме да не зборува со странци и никогаш да не зема ништо од непознати, туку да истрча до првиот двор на кој ќе наиде. Таа го сторила тоа - веднаш истрчала кон дворот на продавницата што била блиску. Беше толку исплашена што после тоа се плашеше да оди на училиште - вели таа.

Мирка тогаш, во средата, повикала полиција и го пријавила случајот.

- Кога пријавив кај директорот, тој ми рече дека слично нешто се случило и со момче. „Момче, одиш пеш, дозволи ми да те однесам“, му рекол еден човек, но тој бил во бел автомобил. За среќа, детето успеало да побегне - вели Мирка, која додава дека имало сомнежи во вистинитоста на зборовите на децата.

- Сепак, ќерка ми едвај чекаше да дојде полицијата и да им каже што се случило. Таа објасни и кога дошол мажот, од која страна, по која улица отишол. Таа дури забележала дека гумите на автомобилот биле валкани. Јас дури и ја прашав дали е тоа вистина, а таа ми рече: „Дали сите ќе ми верувавте ако влегов во автомобилот, а тој ме одведеше и ме убиеше?” Знам дека не лажеше, бидејќи никогаш не сум видела таков страв во нејзините очи - вели мајката на девојчето, изјавувајќи дека полицаец во цивилна облека бил поставен во близина на училиштето после тоа.

Од полициската станица Аранѓеловац наведуваат дека не можат да откриваат информации за овој случај, имајќи предвид дека станува збор за малолетничка.


Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Имала само 9 години кога ја киднапирале: Нејзината приказна го промени законот ширум светот!