Дали летово ќе има All Inclusive во Грција

Шведската маса останува достапна за туристите, но самиот сервисен систем ќе биде изменет.

Грција откри дали системот All Inclusive ќе продолжи да постои по завршувањето на пандемијата на коронавирус.

Ова стана јасно по изјавата на извршниот директор на грчкиот туристички-оператор Моузенидис Травел Грција - Георги Масманидис.

Според него, грчките хотели не планираат да ги зголемат цените за престој за да ги надоместат загубите. Некои дури и рекоа дека се подготвени да ги намалат.
„Можам да кажам дека хотелиерите се подготвени за големи попусти“, рече извршниот директор на тур-операторот.

Тој додава дека загубата од туризмот во Грција оваа сезона изнесува повеќе од 50%.

Претходно во мај, турските хотели објавија голем број ограничувања во пандемиски услови. Според новите правила таму, нема да има шведска маса, во All Inclusive хотелите, храната ќе бидат поставена зад стаклена преграда.

Машините за кафе повеќе нема да бидат за јавна употреба, туку ќе бидат сервисирани од хотелскиот персонал. Масите ќе бидат одделени со растојание од 2,5 метри.

Според Кристофер Андерсон, професор по бизнис на Универзитетот Корнел во Њујорк, хотелските услуги ќе бидат значително намалени.

„Нема да има шведски маси или мини барови. Многу луксузни услуги како што се третмани со СПА и room service ќе бидат забранети“, рече тој. Проф. Андерсон посочува дека повеќето гости ќе се пријавуваат без да добиваат клучеви или со минимален контакт со други вработени, што ќе доведе до пораст во користењето на модерната технологија.

„Туристите најверојатно ќе сакаат да влезат во хотелот и да се качат во лифт без да се сретнат со никој или да допрат нешто, притоа уверени дека површините биле дезинфицирани пред да пристигнат“, изјави професорот Андерсон за Си-Ен-Ен.

извор:pochivka.blitz

Погледнете од кои удобности ќе мора да се лишиме летово