Дали од русокоса стана бринета? Тијана Дапчевиќ со долга коса

И порасна ли косата преку ноќ на Тијана Дапчевиќ? Ова прашање си го поставија многумина кои го погледнаа нејзиното стори на Инстаграм.

Тијана Дапчевиќ честопати знае да не изненади со промената на фризура а овој пат реши да се испроба како бринета.

Сепак, и покрај апликацијата со која Тијана се пошегува со обожавателите, признаваме дека одлично и стои.


Неодамна Тијана го сподели своето искуство поврзано со намалувањето на килограмите кои ги добила за време на бременоста... Тијана раскажа дека во периодот кога била бремена се поправила 45 килограми и дека пред породувањето имала 115 килограми. Таа додаде дека глад чувствувала речиси 24 часа на ден и дека често конзумирала нездрава храна.