Дали постои комуникација помеѓу мајката и бебето во бременоста: Совети од психологот Христина Стефановска

Многу жени во бременоста се прашуваат дали навистина постои комуникација помеѓу мајката и плодот во бременоста? Според психологот Христина Стефановска, идните мајки не можат да ги сокријат своите доживувања и емоции од бебето во стомакот.  

„ Промените во организмот на мајката се информации за плодот на кои тој реагира сѐ со цел да воспостави хомеостатска рамнотежа. Сите промени фетусот учи да ги дефинира како определени емотивни состојби на мајката. Така на пример, променетата биохемиска состојба на мајката при емоција на страв го зафаќа и плодот. Она што секоја идна мајка треба да го знае е тоа дека таа не може да ги сокрие своите доживувања и емоции од бебето во стомакот бидејќи истите се неволеви т.е несвесни и неконтролирачки процеси“, објаснува Стефановска. 

Плацентата има способност да го штити плодот од штетните биохемиски процеси. Но ако плодот е иложен на постојано пушење, пиење алкохол како и хроничен замор или стрес тогаш плацентата ги пропушта отровите. На ваквото поведение на мајката плодот не може да се одбрани и прави или прекумерни движења или се пасивизира во утробата и прекумерно голта плодова вода. 

Христина Стефановска 

„ И покрај тоа,  кусите но и силни доживувања на страв кај мајката не доведуваат до оштетување на развојот на плодот но долготрајните стресни и трауматски искуства може да ја нарушат развојната структура на бебето како телесна така и ментална т.е психолошка. Што значи силните и трајни чувства кај мајката влијаат непосредно и долготрајно врз децата. Мајките кои имаат зголемена фрекфенција на пулсот, забрано дишење веднаш предизвикуваат хиперактивност на плодот во утробата“, додава психологот.

Стегановска вели дека сдно од научните сознанија во пренаталниот период е на пример и настанувањето на вродената  клаустрофобија или страв од затворен простор кој се јавува кај лицата кои имале предолг пренатален престој или тешко породување и подолго задржување во породилните канали. Истото важи и за агорофобијата или страв од отворен простор кој се поврзува со предвременото породување. Ако овој период од развојот на нероденото го детерминира понатамошниот развој на новороденото значи дека мајката треба да стане свесна за нејзината  психоемоционална состојба т.е нејзиното ментално здравје. 

Фото: share.upmc.com

„ Она што јас го најмногу го препорачувам за секоја мајка која е во блажена состојба е музика. Музиката за време на бременоста има долгорочен ефект врз мозокот и активноста на нероденото бебе бидејќи музиката го олеснува поврзувањето на невроните во мозокот и помага во развојот на мозочните структури но влијае и врз благосостојбата на мајката. Слушање музика во живо, слушање песни кои ве прават среќни и задоволни треба да биде дел од секојдневието на мајката. Изберете било каква музика што ви се допаѓа од класичен Бетховен до пеење приспивни песни, но не заборавајте да пеете. Звукот на гласот на мајката е неверојатно смирувачки за бебето и помага да се развие врска пред да се роди бебето. Потребно е во овој период мајката да прави акции кои водат до нејзина релаксација. Прошетки во природа, прошетки покрај вода, медитација и јога за трудници, здрава исхрана и многу вода“, препорачува Стефановска. 

 Насловна фотографија: .nct.org.uk