Дали ваква ќе ја препознаете: Моника Белучи фотографирана во Рим, никој не ја примети (ФОТО)

фото:PROFIMEDIA

Иако сме навикнати да ја гледаме средена и полна со живот, актерката беше во сосема поинакво издание на новите фотографии.

Една од најубавите актерки на светот, Моника Белучи, не престанува да работи, па папараците ја уловија во Рим, каде се одвива снимањето на филмот на славниот Паоло Вирчи.

Иако со години ѝ беше верна на својата долга бујна коса, Моника започна да експериментира минатото лето, па можевме да ја видиме со коса до рамената, што одлично ѝ одговараше.

Со оглед на тоа дека е во шестата деценија, таа сака да изгледа во склад со годините, но публиката беше изненадена од новите фотографии, на кои Моника има краток боб со шишки, кој едвај стигнува до брадата.

 Таа беше облечена многу скромно, целата во црно и го покри лицето со маска.

Публиката веднаш започна дебата на социјалните мрежи дали ова е вистинскиот избор за убавата актерка или прави да изгледа многу постаро.

Имаше и такви кои сметаат дека драстичната промена е извршена исклучиво заради потребата за новиот филм.

извор:GLOSSY

фотографии:PROFIMEDIA

 Може да ве интересира:
-Копија на мама: 16-годишната ќерка на Моника Белучи заблеска на насловната страница на ELLE
-(ФОТО) Македонската Моника Белучи: Надица Георгиева е безвременска убавица