Дали знаете кој ден е денес? Ќе се изненадите...

Фото насловна: Инстаграм/kitamura_camera_tokyo

Овој понеделник имаме повеќе време за сè што нè исполнува и во што уживаме

„Ние би можеле да постигнеме сè ако денот беше подолг“, гласи стихот на една песна, но и честата секојдневна мисла на секој од нас.

Додека ние изведуваме временска гимнастика, за што е потребна комбинација на деловни обврски и слободни активности кои се инспирирани од добрите временски услови, честопати ни се чини дека денот е премногу краток за да постигнеме сè што сме замислиле. Ако се препознавте, овој понеделник сигурно ве прави посреќни од кој било ден во годината, бидејќи трае подолго од сите други!

Најдолгиот ден во годината значи дека летото официјално започнува, а тоа е токму овој понеделник! Денешниот ден трае дури 15 часа, 35 минути и 36 секунди, оставајќи ви повеќе време за сè што ве движи и во што уживате.