Дама: Лејла Филиповиќ, сопругата на Тарик е горда и грациозна мајка во прекрасен црвен фустан (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Лејла Филиповиќ сака да споделува убави моменти од приватниот живот со своите следбеници на Инстаграм, така и викендов сподели прекрасни фотки кога таа и нејзиниот сопруг, водителот Тарик Филиповиќ го придружуваа синот Дино на матура.


Иако во центарот на вниманието беше Дино и неговата матурска прослава за крајот на средното образование, следбениците не можеа да не го забележат модното издание на убавата Лејла.

За големиот ден во животот на нејзиниот постар син, Лејла носеше фустан од модниот бренд ELFS. Црвениот фустан со средна должина е со пуфнасти ракави и ремен за да се нагласи струкот, како и шлиц, а на гордата мајка ѝ стои магично.


Лејла фустанот го искомбинира со златни сандали украсени со ефективен колоритен детаљ напред, а во раката носеше златна чанта. Косата ја врза во елегантна пунџа, а од накит се одлучи за златни обетки.


извор:zadovoljna