Даница Максимовиќ за борбата со алкохолот: Пиев литар и пол водка дневно, се освестуваш кога си на работ од бездната

Актерката Даница Максимовиќ важи за некој кој плени со позитивна енергија и шарм, а поради нејзиното секогаш добро расположение, ретко кој би рекол дека се соочила со сериозни проблеми во животот.

Сепак, актерката го демантираше сето тоа и во својата искрена исповед обајсни како се изборила со алкохолизмот. 

„Најголема победа е тоа што го победив порокот. Јас сум горда, станав мисионер, просто сум таква, ете. И горда сум на тоа, и мојата докторка, и членовите на семејството, приајателите, а ретко кој успева во било кој порок“ - кажа Максимовиќ и откри колку долго траела борбата:

„Некаде околу осум месеци, кога си дисциплиниран, а јас сум дисциплинирана и сѐ помина во најдобар ред. Јас само сакав да работам, а тоа поминува со работа. Знам дека имам проблем, само ми треба мала помош. И така беше. Многу брзо се изборив и еве 30 години сум своја на своето, на суво“.

„Јас бев спортист и потоа влегов во театар и сите тоа го конзумираа. Не можеш да поминеш, за мене тоа беше погубно. Луѓе сме и слаби на пороци, само малку треба за да се помине линијата. Е сега, кога си на работот од бездната, тогаш се освестуваш.“ - кажа Даница во емисијата „Све у свему“ на ТВ Прва.

Водителката Марија Килибарда ја праша колку остр бил тој раб на бездната, на што Даница како од топ одговори: 

„Тоа беше литро и пол водка дневно. Ха, ха, како ме погледна. Сериозно, со оркестарот влегувам во Клубот на книжевници. Луѓето пијат на моја сметка, го земав хонорарот од банка и сакав да си помине добро, но потоа доаѓаш до работ на бездната и тогаш сфаќаш дека мораш да застанеш. Имаш силен карактер“ - објасни Даница и додаде:

„И мораш да имаш некој покрај себе, некој најискрен приајтел, кој ќе ти каже стоп, ова не може повеќе вака. Тоа е многу важно.“

фото: Принтскрин