ДАВИД И ВИСТИНАТА

Добивај вести на Viber

  Утринското сонце почна да ме пече директно во главата. Ги протрив очите и ги отворив. „Сум заспала на фотелјиве“, си помислив во себе и се сетив на сонот зборувајќи си во себе: „Бегај од мене лош сону. Сакам убава иднина и се молам да ја доживеам со Марко. Нема да дозволам никој да ми ја земе среќата!“

  Од собата се слушаше Марко како зборува на телефон. Уште бев сонлива и тивко станав и главата ја пикнав во собата. Го прашав Марко со кого разговара, мислев дека е Весна. Тој ми објасни дека зборува со Давид. Чекајќи да завршат, седнав на терасата и ѝсе восхитував на утринската тишина.

  Кога заврши со разговорот, Марко ми пријде и ме бакна велејќи: „Мила, добро утро. Се надевам дека убаво спиеше ноќеска. Давид ми ѕвонел сношти, но не сум забележал. Телефонот се исклучил. Сега го вклучив и му се јавив. Сака да се видиме. Не бил разговорот за по телефон. За кусо време ќе дојде овде“.

  Се подготвивме и слеговме долу во кафулето да пиеме кафе. Нарачавме и јас му кажав на Марко: „Марко, јас по сè што се случи синоќа, немам доверба во Давид. Му давам шанса да каже што има и ќе внимаваме со него. Не му верувам бидејќи можеше барем да нè предупреди“. Дојде Давид. Се поздрави срдечно со нас како ништо да не се случило и седна. Му се допадна кафулето со хостел и пријатен амбиент. Ние бевме резервирани и очекувавме тој да почне да разговара. Така и бидна.

  Давид се изјасни и рече дека многу се изненадил од синоќешната постапка. Потоа, продолжи: „Марко, ти си ми другар од детството. Не би сакал никој да си поигрува со моите другари. Синоќа јас и Анастасија ја напуштивме забавата кога си заминавте. Затоа ти ѕвонев по телефон. Утрово на сите им кажав што мислам и си заминав. Анастасија отиде со нив, а јас останав да се видам со вас. Куферите ми се в кола, а денес сум слободен и сакам да се видам со вас“.

  Мене не ми звучеше убедливо, од две причини. Првата, дека тргнал без Анастасија, а втората дека одеднаш го напуштил друштвото, а претходно сè му испланирано. Дополнително, цело време ме погледнуваше со крајот од окото и не ми се допаѓаше тој негов јастребов поглед, но премолчев.

  Во меѓувреме, се јавија Весна и Боро и кога им кажав дека сме со Давид заедно, Боро веднаш нè покани кај него. Отидовме заедно со Давид и потоа, сите отидовме на плажа. Пливавме и се забавувавме. Подоцна, на плажа јас и Весна седнавме посебно да се сончаме за да ѝ раскажам што се случи, а мажите седеа под сенка. На Весна ѝ објаснив накуси. Веднаш заклучи дека треба да се внимава на Давид, што ми ги потврди моите сомнежи.

  Поради тоа што беше последен ден, се договоривме да одиме после на ручек и потоа да одиме в диско за да се забавуваме. Така и бидна. Вечерта, отидовме в диско. Внатре, подиумот се преливаше како мозаик, а одозгора се спуштаа интересни разни форми од ласери во сите бои. Имаше и неколку диско топки, некои ротираа и светеа во различни бои, а некои диско топки беа со огледалца, кои ја рефлектираа светлината. Сè беше прекрасно и шарено. Техниката си го прави своето. Гостуваше познат светски диџеј и пушташе убава музика. Беше преполно бидејќи присуствуваа многу млади и од соседните држави.

  Седевме на шанк, пиевме пиво и слушавме музика. Со Марко бевме прегрнати, а Давид не го тргаше погледот од нас. Испи две пива, почна да зборува и се смееше чудно. Станавме да играме. Ги поканивме и Весна и Боро, но тие кажаа дека ќе останат на шанкот велејќи: „Супер ни е, ние слушаме музика и уживаме, а вие играјте си“.

  Играјќи во таа мешаница, Марко остана подалеку, а до мене се залепи Давид. Игравме некое време и ме понесе кон другиот крај на подиумот. Како што врвеше времето, Давид се охрабри и почна да ме гледа во очи. Беше претопло, а сите сè повеќе се потевме губејќи се во толпата среде подиумот. Белиот фустан што го носев се залепи за мене, а беше тесен и се истакна мојот совршен задник, низ кој се проѕираа танга гаќичките. Давид играјќи ги спушти рацете надолу и почна да ги трие рацете со моите танга гаќички. Очите ги впери кон моите гради, низ кои се проѕираа моите тврди брадавици. Се обиде да се наведне кон моите гради, но вешто го избегнав.

  Размислувајќи како да реагирам понатаму, го погледнав во очи. Забележав дека очите му се крвави. Освен пијанство, имаше и некој бес, гнев во него. Ми фрли неколку пијани погледи низ заводливата, повеќе загадочна смеа. Сакаше да ме бакне со вперени очи кон мене. Го избегнав свртувајќи го лицето на страна. А беше возбуден, ја чувствував неговата ерекција на стомакот. Почнав и јас да вријам од целата вжештена атмосфера. Како што сè повеќе се припиваше кон мене и ме притискаше, така, полека, и јас се палев. Морав да прекинам и го оттурнав од мене и почнав да гледам околу мене, барајќи го со погледот Марко.

  Давид изгледаше како балон што ќе пукне во секој момент. По брзо време, видно налутен, зацрвенет и вознемирен ми рече: „Го бараш Марко? Всушност што најде во него? Јас потекнувам од богато семејство. Имам пари да купам сè што ќе посакам. Но, сакам да те имам тебе. Уште во првиот момент кога те видов, беше како нацртана, преубава и со тебе би бил среќен. Уште кога бевме мали, Марко добиваше сè полесно од мене. Како те нашол тебе? Секогаш имаше среќа поголема од мојата“. Додека зборуваше, очите му светеа како на ѕвер, кој го чека својот плен да го распне на парчиња.

  Мислев дека овој човек е злобен, но не верував до толку. Морав да го спречам во неговите зли намери и му кажав: „Ти можеби имаш пари, но немаш ни душа, ни чувства. Да си последен, не би била со тебе. Од очите ти извира лошотија. Знаев дека ти сношти нè вовлече во оној стриптиз-циркус. Ме прекина и ми рече: „Да, затоа што очекував Марко да ти раскине“.

  Е, сега морав да го спречам да отиде предалеку со неговата злобна намера. И му реков: „Давид, затоа те повикавме денес. Знаевме дека ти го направи тоа сношти и сега ќе им потврдам на сите. Одам кај Марко да му кажам.“ Уште не ја ни завршив реченицата, а Давид се изгуби во толпата. „Беден кукавица“, си помислив во себе.

АНОНИМНА