Деа по операцијата ги тешеше лекарите место тие неа: Водителката закрепнува по сообраќајката

Водителката Деа Ѓурѓевиќ, која вчера наутро доживеа сообраќајна незгода во Белград, се освести по повеќечасовната операција која е извршена на ВМА во Белград. Како што пишува белградски „Блиц“, по интервенцијата, лекарите изјавиле дека таа била дисциплиниран и прибран пациент.

Деа вчера страдаше од автобус, кој ѝ ја откина раката, откако по полесната соораќајка со друго возило, излегла надвор да поразговара со возачот.

Деа храбро ја поднела операцијата, и во еден момент, наместо лекарите да ја тешат неа, таа ги тешела нив. 

„ Многумина се загрижија како Деа ќе реагира кога ќе се разбуди од анестезијата, но таа беше свесна што се случи и немаше потреба да ја потсетуваат. Таа не само што не сакаше да зборува за физичката болка, туку зборуваше и дека се ќе биде во ред. Таа ги тешеше лекарите место тие неа. За сега, Деа е вон животна опасност и постои голема шанса да ѝ се спаси раката. Првите 72 часа по операцијата се најважни и понатаму ќе се знае како сѐ ќе се одвива“, изјавил извор близок до лекарскиот тим за “Блиц“. 

Водителката со партнерот, Младен Мијатовиќ 

Првите зборови кои водителката на Утринската програма на ТВ Пинк ги изгворила по операцијата, биле дека ја чувствува раката. Нејзиниот партнер, новинарот Младен Мијатовиќ изјавил дека најлошото поминало и тој е голем оптимист.