Деми Мур сподели фотографии со бремената ќерка: Сите ги коментираат нивните модни комбинации
Една од најпопуларните светски актерки наскоро ќе стане баба...
Познатата холивудска актерка Деми Мур не ја крие својата радост поради фактот дека наскоро ќе стане баба.
На ревијата на еден од најпознатите светски брендови, Деми Мур, и нејзината бремена ќерка Румер Вилис, блескаа во совршено усогласените модни комбинации.
Изгледа дека внимателно размислувале за тоа што би требало да биде нивниот моден избор за овој важен моден настан, а заедничкото решиние го пронашле во црната боја.
За модната ревија на Версаче, Румер одбра тесен црн фустан, кој совршено го истакна нејзиниот труднички стомак. Овој мини фустан го искомбинира со макси блејзер и високи потпетици кои беа полн погодок.
Од друга страна, нејзината мајка, Деми и покрај фактот дека ја гази седмата деценија, заблеска во една помалку необична комбинација.
Таа во изборот на облека секогаш се потпира на стилистот Бред Горески, па затоа и не е некое изненадување што секогаш изгледа фантастично.
За оваа прилика Деми носеше проѕирна блуза, костим со панталони, а она што ги изненади сите е здолништето кое го носеше преку нив.
Деми со оваа комбинација предизвика безброј полемики, но скоро сите се сложија дека изгледа импресивно.
Инаку, според извор кој минатиот петок зборуваше за „US Weekly“, Деми со нетрпение го очекува пристигнувањето на вникот и веќе ѝ помага на својата ќерка на разни начини - размислува за градинки, бирајќи име за бебето, купувајќи ѝ книги за очекувањата, препорачувајќи ѝ витамини, и секако, споделувајќи ги своите искуства од времето кога таа била бремена.
Румер веста за бременоста ја објави кон крајот на декември, токму во времето кога нејзината мајка беше номинирана за Еми награда. На своите социјални мрежи објави дека „влегува во ерата на згодна баба“, а следбениците беа воодушевени од начинот на кој соопшти дека во нивното семејство наскоро ќе пристигне принова.
фото: Принтскрин / Инстаграм