,

Ден посветен на женственоста – промоција на новиот парфем Mon Gurelain

Добивај вести на Viber

Вчерашниот ден беше посветен на жената, на неjзината убавина и уникатна женственост.


Вчера, во Скопје, се одржа промоција на новиот парфем, Mon Guerlain чие заштитно лице е Анџелина Џоли.


Настанот беше од затворен карактер, со вип гости кои први имаа можност да го  пробаат на себе новиот мирис на Guerlain.

Ружица Антиќ, Ирена Спировска, Јована Стојменовиќ, Лилјана Којиќ, Калтрина Круезиу, Јелена Спенџарска, Верица Јордановска, Катерина Маневa, Катерина  Трајановска и Ивана Поповска беа дел од настанот на оваа престижна  козметичка компанија.


Додека се пиеше кафето за добредојде, се разговараше за суштината на  пораката која сака да ја пренесе парфемот, за женственоста и нејзината секојдневна дефиниција во животот. За уникатноста на жената претставена преку мирисните ноти на  Mon Gurelain, доживеани преку актерката која е мајка, жена, слободна, дарежлива, посветена...

Откако гостите беа запознаени со историјата на парфемот и што тој претставува во светот, имаа можност да го прошират своето искуство, пробувајќи ги кремите за лице на Guerlain преку масажа на лице. Додека траеше третманот, специјален тим од советници за убавина го објаснуваше дејството на кремите и нивната намена.


Веднаш потоа, стилистот Даниел Артевски се погрижи во целост за нивниот изглед, нанесувајќи ја декоративната козметика од брендот Guerlain, во стилот на Анџелин Џоли. Тие на себе го имаа безвременскиот црвен кармин и лежерен изглед кој го негува актерката.

Компанијата Guerlain уште еднаш докажа зошто е предводник во козметичката индустрија во светот, создавајќи го Mon Gurelain, парфемот кој ја дефинира женственоста.