Денес е Велика Сабота денот меѓу смртта и воскресението: Повеќекратно ќе ви се врати ако го направите ова

Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста.
Великa Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“.
Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден.
Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат.
Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ.
На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе.
Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.
Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник.
Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој.
Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. За нас, па, ова е ден за сози на љубовта и благодарноста.
Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот. Денес сите сме крај Христовиот гроб. Се поклонуваме пред Плаштаницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот. Тоа е украсениот гроб Христов, на сред црква, пред кој стоиме и молчешкум се молиме. Се протнуваме под неа на колена, со понизност. Го чекаме Воскресението.
Денес одбележуваме три важни настани: упокоението и престојот на Христа во гробот, чувањето на гробот со стража и Христовото слегување во адот (пеколот) и отворање на рајот.
На тој ден, Исус Христос покажал дека дошол крај на стариот век и дека започнал нов век во кој се празнувал денот на неговото воскресение.
Старите веруваат дека поради тоа треба на тој ден да се направи добро дело или да се даде милостина на сиромасите, се верува дека тоа повеќекратно ќе му биде вратено на добротворот.
Велика Сабота е ден кога се молчи и се моли. Вечерта, тој ден, плаштеницата се вади пред храмот, трипати се носи околу црквата и се спушта назад во гробот. На Велика Сабота нема работа на терен и жените не се занимаваат со ракотворби.