Денес е вистински секс симбол, а и пред 20 години беше атрактивен (ФОТО)

Актерот Џејсон Момоа (41) е прогласен за најубав човек за 2018 година

Тој на јавноста и е познат поради неколку негови филмови, а особено поради „Аквамен“ и неговата улога во серијата „Игра на Тронови“.

Дека тој секогаш бил вистински заводник докажуваат и неговите фотографии од времето кога имал 20 години и глумел во хит серијата „Чувари на плажата“.

Со кратка коса и извајано тело, Џејсон беше сон на секоја девојка.

Тој се појави во популарната серија во 44 епизоди помеѓу 1999 и 2001 година за време на 10-та и 11-та сезона на серијата.


После тоа, Џејсон ја пушти косата и оттогаш, долгата виткана коса стана негов заштитен знак, кој ја обожава и неговата сопруга Лиза Бонет, поранешната сопруга на рокерот Лени Кравиц.

Момоа, дефинитвно е маж кој и во минатото и денес на дамите им го одзема здивот.


Фото: Инстаграм/jasonmomoa

Можеби ќе ве интересира:

Објави фотографија со мајка си: Заводникот Стјепан Хаусер ги разнежни фановите