Денес преполовен бројот на новозаболени, нема да има рестрикции

Помал број новозаболени споредено со вчера е регистриран во последното деноноќие, дознава Фактор. Според извори од Комисијата за заразни болести денеска има двојно помолку регистрирани случаи позитивни на коронавирус во земјава. Сите случаи се од познати кластери и новозаразените биле со лесна клиничка слика, дел од нив и без симптоми. Вчера во земјава беа регистрирани нови 89 случаи, а според неофицијалните податоци денеска се околу четириесетина, а нема починати, освен жената од ГОБ 8 септември за која Фактор веќе извести, но која најверојатно не влегува во денешната статистика. Комисијата засега нема да предложи нови рестрикции.

Од која општина се најголемиот број на новозаболени прочитајте на фактор.мк