Денес се слави Света Агрипина: За мирен живот кажете ја молитвата на светителката

Верниците на Македонската православна црква денес ја слават Свети Агрипина

Се верува дека оваа светителка, која страдала заради нејзината вера во Христа, носи исполнување на желби и добро здравје.

Свети Агрипина е христијанка родена и израсната во Рим.
Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоуханието на девствена чистота, со целомудрие. Му беше вереница на Господ Христос и како Негова невеста пострада во времето на царот Валеријан. Претрпе биење со стапови, сè дури не ѝ ги скрушија коските. Ѝ се јави ангел Господов и ја укрепи. Во натамошните маки го предаде својот дух. Нејзините другарки Васа, Пауна и Агатоника ѝ ги пренесоа моштите на островот Сицилија и таму ги погребаа чесно. Подоцна овде подигнаа црква во име на Света Агрипина. Од нејзините мошти стануваа безбројни чуда. Едно од нив е повлекувањето на Агарјаните пред силата на Светите мошти на оваа маченичка од пред градот во којшто беа положени. Света Агрипина се упокои во 275 година.

Во 11 век, моштите на Свети Агрипина биле пренесени во Цариград.

Се верува дека ова светилиште ги исполнува најискрените желби и зачувува добро здравје. Поминете го овој ден во мир и кажете ја оваа молитва:

Оковите железни го опфатија телото твое,
но љубовта кон Христа даде ослободување,
не само од маченички болки,
туку од заробеноста светска која кон тебе иташе,
о јагне Христово Агрипино, света девственичке,
твоите молитви да бидат темјан пред престолот Божји,
за спасение на родот човечки.


Извор: Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче